Обраќање на свекрвата со мамо!?

ИЗВОРСкопје24
|

Традицијата вели дека откако девојката ќе се омажи значи дека треба да ги прифати родителите на својот сопруг со тоа што ќе ги нарекува мама и тато. Дали сеуште се почитува ова или пак младите повеќе не сакаат да нарекуваат некого друг освен биолошките родители мама и тато?

Има родители кои сакаат да стојат до традицијата и бараат од нивната снаа да ги вика со мамо и тато, но има и такви кои живеат во помодерно време, па не им е проблем како ќе ги вика снаата, туку им е доволно да ги почитува нив, или пак само да одговара на нивниот син, без воопшто да се мешаат.

Во многу нови семејства доаѓа до големи главоболки, кавги и расправии баш поради овој проблем. Младите снаи си стојат на своето, знаат кои им се мајка и татко, кој ги има чувано до сега, а пак свекорот и свекрвата бараат нивно почитување, со тоа што ќе им се обраќа со мама и тато. Во ваквите случаи обично, сопругот стои на страна, и остана проблемот сам се реши, додека жената удира глава во ѕид барајќи решение на проблемот.

На некои воопшто не им е тешко да им се обраќаат така, па уште од прв ден го прифаќаат тоа.

Стручните лица велат дека за овој проблем не постои нешто што е право или криво. Едноставно во право се и двете страни, само прашање е кој прв ќе попушти, и од која страна ја гледаш работата.