Обвинителството изврши увид во станот на Беличанец

ИЗВОРСкопје24
|

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР и со лекари по судска медицина синоќа извршиле увид во станот во Скопје, каде беше пронајдена Билјана Беличанец.

– Телото на Беличанец го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата.

Во 22,30 часот,во Полицијата Центар се јавил С.М. кој пријавил дека на улицата „Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бе*ење, јавија од МВР.

Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Инаку, Билјана беше мајка на две деца, позната е по многу улоги, по Здраво Генијалци со кои многумина пораснаа, по бројни театарски претстави, по својот специфичен глас со кој синхронизираше многу серии.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.

Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.

Беличанец беше градоначалничка на општина Кисела Вода од 2013 до 2017.

Има две деца од првиот брак. Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.
Имаше неполни 46 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.
Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012. година.


Посебно забележана во јавноста е по синхронизацијата на македонски на некои турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.