Поради моменталната медиумска афера во која се наоѓа, поедини медиуми го довеле во прашање настапот на Јелена Карлеуша на МАС, каде што требала премиерно да ја изведе својата нова песна.
Сега е потврдено дека таа сигурно ќе се качи на бината во Штарк арена.
Точка на шекулациите ставил ПР на Карлеуша Зоран Бирташевиќ кој на Твитер напишал:
“Биди хејтер, фрли лајк. МАС 29/01, што се претпоставува дека стихот е од новата песна на Карлеуша.
За овој настап и Карлеуша неодамна прозборела, кога на својата публика и ветила вистински спектакл:
“Очекувајте пукање од сите топови! Ќе корисиме се можна опрема и технологија. Јас многу се палам на тоа и имам тим на луѓе кои ќе се потрудат пред нас и после нас изведувачите да бидат како некоја врста опера”, изјавила неодамна пеачката.
Пејачката го прекина молчењето и се огласи после повеќе од 48 часа од последното обраќање на јавноста.
Пејачката која е во центарот на аферата поради експлицитните фотографии и пораки кои ги разменувале со фудбалерот Огњен Врањеш, а кои се појавија во јавноста, отпатува за Кина кај сопругот Душко Тошиќ и сега прв пат се огласи после повеќе од два дена.
Јелена на Инстаграм најпрво сподели видое снимка на која Душко си игра со нивната помлада ќерка Ника, додека во позадина се слуша и нејзиниот глас.
Карелуша потоа објави и фотографии од двете ќерки Ника и Атина од нивниот престој во Кина.
И Душко Тошиќ вчера се огласи по пат на социјалните мрежи и откри како навистина стојат работите, наспроти многу шпекулации за нивниот развод.
Освен што порача дека сега ќе бидат уште посилни, Тошиќ денеска на Инстаграм постави фотографија со Јелена и на неа „залепи“ смајли кое намигнува.
Колку што е досега познато, пејачката и понатаму е во Кина, каде Душко се наоѓа поради работните обврски, а судејќи по најновата објава на фудбалерот, нема ништо од разводот.