ОЧЕКУВАМЕ НОВИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ – ПОСИЛНИ ОД ОНИЕ КОИ ГИ ИМАВМЕ ВЧЕРА

|

Македонија во текот на вчерашното попладне беше зафатена од НЕВРЕМЕ, кое особено во Гостиварскиот регион услови и ПОПЛАВИ. Локални поплавувања имаше и на другите места низ Македонија, а градот кој паѓаше во делови од Македонија беше со голема на лешник.

До првите денови од месец јуни, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и ТОПЛО со сончеви периоди.

Од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Во следниот период повторно очекуваме ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ врнежи, и локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 60 – 70 л/м2), со што постои опасност од локални ПОПЛАВИ.

Апелираме граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје и околината исто така понатаму ќе има честа појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ.

Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Нема никаква најава за поизразен топлотен Африкански бран како што доликува за овој период од годината, и за истиот и понатаму ќе се изначекаме.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!