Од 1 јули државата ќе враќа ДДВ по 30 илјади денари за секое семејство

ИЗВОРСкопје24
|

Од 1 јули стартува концептот за повраток на ДДВ, односно од секоја издадена фискална сметка секој граѓанин ќе има 15 отсто повраток на средствата, објави Вечер.

Проекцијата е дека најмалку 150 милиони евра годишно ќе се вратат назад кај граѓаните. Ова е само почеток на економските мерки, а Владата најавија дека не застануваат тука и оти ќе следат и други мерки за враќање на парите назад кај граѓаните.

Според проценките просечно секое семејство би добило по околу 30.000 денари.

Инаку, право на шест илјади денари социјална пензија и на уште една илјадарка во грејната сезона и тоа почнувајуќи од 1 јануари годинава, ќе добијат околу 6.000 постари жители на Република Северна Македонија кои не успеале да остварат право на старосна пензија, а немаат никакви други приходи.

Предлог-законот за социјална сигурност за стари лица со кој е предвидено ова право е влезен во Собранието и чека ред кај пратенците за прво читање.

Но, исплатата на средствата може да се оддолжи повеќе месеци, особено затоа што е оставен простор неопходниот правилник да се донесе во рок од три месеци по неговото стапување во сила. Како и да е, во последниот член од Предлог-законот стои дека влегувањето во сила е осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник#, а примената од 1 јануари 2019 година.

Според предложениот закон, право на популарно наречената социјална пензија имаат државјани на Република Северна Македонија со навршени 65 години возраст, кои во последните 15 години имаат постојано место на живеење во државата, немаат имот и имотни права од кои можат да се издржуваат, не се корисници на пензија од Република Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава, не остваруваат приходи и имаат пријавен пензиски стаж во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, или стаж на осигурување во траење помалку од 15 години.

Но, во заедниците во кои во брак или вонбрачно живеат две лица кои ги исполнуваат овие услови, социјална пензија ќе може да добие само едно од нив.