Во екот на енергетската криза и енормниот раст на цените на струјата, се отвара патот за поголемо искористување на сончевата енергија во Македонија. Од 1 јули секое домаќинство или фирма ќе може да стави фотоволтаици на покривотза производство на струја.
Министерството за економија, како што информираше на прес-конференција ресорниот министер Крешник Бектеши, изготви Правилник за обновливи извори на енергија, којшто утре ќе биде објавен во Службен весник. Со законските измени ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија. Надлежните најавуваат и олеснување на постапката добивање одобренија и за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти, објави Дојче веле на македонски јазик.
Со донесувањето на Законот за енергетика во 2018 година и подзаконските акти, за првпат се воведе можноста за домаќинствата и индустријата да можат да постават фотонапонски електрани на своите кровови со цел обезбедување на сопствените потреби со електрична енергија кои вишокот од производство на електрична енергија би го продавале на својот снабдувач со енергија.
Според Бектеши, со новиот Правилник ќе се овозможи потрошувач-производител да постави производна постројка со поголема инсталирана моќност (за домаќинства од 4 на 6 КW, а за останатите мали потрошувачи од 20 на 40 КW) со цел целосно да ја задоволи својата потрошувачка и да пласира поголема количина во мрежата.
Исто така ќе се овозможи секое домаќинство, мал потрошувач и буџетски корисник да склучи договор за снабдување и предавање на вишокот на произведена електрична енергија со кој било снабдувач со електрична енергија, вклучително и со универзалниот снабдувач.
Целиот текст на Дојче веле