Струјата поскапува и за штедачите и за трошаџиите. Регулаторна го објави новиот тарифник според кој, потрошувачите од првиот блок ќе добијат најмало покачување од 5,5%, а највисоко оние од четвртиот – близу 139%. Eвтината тарифа поскапува за 8,69 отсто.
Бислимовски вели дека поскапувањето би било неколкупати поголемо доколку немаше блок тарифи.
Преточено во пракса, доколку едно семејство има потрошено 350 киловати во скапа тарифа, првите 210 ќе се пресметаат во првиот блок, а останатите 140 во вториот блок. Со тоа, сегашната цена од 7.32 денари се множи со процентите од соодвениот блок. Вкупната цена за висока тарифа ќе изнесува 2.562 денари во скапата тарифа. Пресметката оди на сличен начин и за евтината тарифа која би чинела 850 денари. Севкупно тарифирано со останатите параметри, покачувањето би било околу 250 денари или 7,2%.
Од регулаторна покачувањето го правдаат со барањата на енергетските компании, трошоците за набавка и укинувањето на кризната состојба.
Новина е што евтина тарифа ќе се воведе и за фирмите, а цената на индустриската струја ќе чини половина од моменталната цена на слободниот пазар.