Популарната пејачка вчера ја сподели веста дека си ја исполнила големата желба: станала сопственичка на стан во Белград, а медиумите сега откриваат детали за нејзиниот имот.
Пејачката Теодора Џехверовиќ неодамна купила стан во главниот град на Србија, а медиумите тврдат дека се работи за недвижен имот во елитната белградска населба. Цената на станот е наводно 250.000 евра, а се простира на стотина квадрати.
– Станува збор за луксузен недвижен имот кој таа го купила за 250.000 евра во една елитна белградска населба. Станот има околу 100 квадрати, две спални соби, две бањи и пространа тераса – истакнал неименуван извор близок на Теодора.
Како што понатаму наведува, на пејачката наскоро ќе и се придружи и нејзиното момче Нино Челебиќ.
-Последниве неколку дена напорно работи на опремување на станот и едвај чека нејзиното момче Нино да се врати од Бразил за да уживаат заедно – додава изворот.
Тој истакнува дека целта на Теодора од почетокот на кариерата, покрај популарноста, била да купи стан.
– Откако почна да се занимава со музика, целта на Теодора е да стане една од најпопуларните млади пејачки, но и да заработи доволно пари за да купи стан – вели изворот.