ОД ДЕНЕС МАЧНО И СПАРНО ВРЕМЕ – ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДА ДУВА ЗАСИЛЕН ТОПОЛ ВЕТЕР, ЗА ВИКЕНДОТ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и понатаму натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите, особено во северните предели ќе бележат тенденција на мало опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 36 степени, а УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има умерено висока вредност и ќе изнесува коефициент (6).

Услови за локална нестабилност за време на викендот ќе има и во Скопскиот регион, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 30 степени. Потоа во почетокот од следната недела времето повторно ќе биде претежно стабилно и суво.

Да напоменеме дека поради силното југозападно воздушно струење, од денес кај нас во атмосферата ќе биде присутна прашина и песок од Сахара, со што и времето ќе биде релативно мачно и спарно.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.