Oд денес основните прехранбени производи се продаваат со 0% ДДВ

|

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5 проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до денес да ги прилагодат фискалните апарати.

„Би требало да има целосно намалување на делот на ДДВ-то за основните прехранбени производи, затоа би сакал да ги повикам и граѓаните да купуваат со фискални сметки заради тоа што таму може да видат дали трговците или пак маркетите ја применуваат мерката“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5 проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до денес да ги прилагодат фискалните апарати.

Како што информираат од Управата за јавни приходи, ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0 проценти, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.

„Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана. Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати“, велат од УЈП.

Оваа одлука ќе трае до 31 мај 2022 година.