Oд денеска почнува етапната исплата на јануарските пензии со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.
Денес, исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
Во среда на 27.01.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
Во четврток на 28.01.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
Во петок, на 29.01. 2021 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
До пензионерите се апелира да се придржуваат до распоредот за исплати, бидејќи етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.