Драстично се намалија цените на горивата. Тоа го одлучи РКЕ .
Бензините забележаа пад за дури три денари, додека пак за два денари паднаа и цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.
Тоа значи дека почнувајќи од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 се точи за 66,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 68,50.
За 60 денари денари/лит ќе се полнат резервоари со ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) додека пак 50 денари ќе чини Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)
И цената на мазутот се намали и таа ќе изнесува 32,361 денари за кг.