Oд денес со нова покачена цена нафтените деривати во просек за 3,11% во однос на минатата недела

ИЗВОРНов Лист
|

Одлуката за поскапување на цените на нафтените деривати, беше донесена од регулаторната комисија за енергетика, која ja зголемува цената во просек за 3,11 проценти во однос на цените кои беа донесени минатата недела.

Бензинот Еуросупер БС-98 поскапи за еден денар по литар гориво, додека бензинот Еуросупер БС-95 ќе биде поскап за еден и пол денар, додека Еуродизелот поскапи за 1,50 денари.

Од денес Еуросупер БС-98 ќе се точи по цена од 61,50 денари за литар гориво, Еуросупер БС-95 за 60 денари, додека Еуродизел ќе се продава по 51 денар по литар гориво.

Иако не потпаѓа под регулаторна комисија, течниот нафтен гас (автоплин), се продава по стара цена од 28,50 ден, односно некаде и по 28 денари за литар.