Од денес започнува исплатата на февруарските пензии

|

Од денес, 24 февруари, започнува исплатата на февруарските пензии. Ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од болеста, информираат денеска од Министерството за труд и социјална политика.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24 февруари (четврток), за пензии со висина 11.001-14.000 денари на 25 февруари (петок),

за пензии со висина 14.001-18.000 денари на 28 февруари (понеделник) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 1 март (вторник).