Европската централна банка денеска ќе ги пушти во оптек редизајнираните банкноти од 100 и 200 евра.
Овие банкноти се последните во низата кои се редизајнирани после оние во апоени од пет, десет, дваесет и педесет евра, со оглед на тоа дека банкноти од 500 евра веќе нема да се штампаат.
Сите банкноти од серијата „Европа” имаат подобри дизајни и подобри елементи за заштита од банкноти од првата, серија А, која ќе продолжи да биде во оптек, паралелно со новите банкноти.
Банкнотата од 500 евра останува во оптек без временско ограничување, а престанувањето на нејзината употреба нема да биде одредена со посебна одлука на Европската централна банка, туку постепено ќе ја повлекуваат централните банки на Европската монетарна унија.