Од денеска започна рехабилитацијата на пистата на скопскиот аеродром, летовите со нов редослед

|

Од Меѓународниот Аеродром Скопје потсетуваат дека градежните работи за рехабилитацијата на пистата на почнаа утрово и ќе траат 50 дена, до 16-ти мај.

Во овој временски период, авиосообраќајот ќе се одвива од  17 часот попладне, до  9 часот наутро, секој ден.

-Ве молиме пристигнувајте на аеродром 3 до 4 часа пред планираното полетување, за да имате време да ги завршите сите аеродромски процедури.

Шалтерите за регистрација на патници и багаж отвораат 3 часа пред полетување, а затвораат 1 час пред полетување. Откако ќе се регистрирате и ќе добиете бординг-карта, ве молиме веднаш упатете се кон Царинска и Пасошка контрола, како и кон Пунктот за безбедносна проверка, за да имате доволно време за сите проверки, и потоа релаксирано да чекате додека дојде време за качување во авион, велат од ТАВ Македонија.