Од наредната недела намалување и на цените на пијалоците за 10 отсто, најави Бектеши

|

Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска на својот Фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци ќе се намалат за 10% во наредниот период.

„Намалување на цените на безалкохлните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата “ГАРАНТИРАНА ЦЕНА” со намалување на цените од минимум 10%!

„Благодариме на подршката“ напиша Бектеши на својот Фејсбук профил.

Владата вчера одлучи да ги намали и замрзне цените на 24 категории прехранбени производи. Од денес цените на стотина прехранбени производи ќе бидат замрзнати на цената што ја имаа на 1 август, намалени за 10 отсто.

Цените на прехранбените производи, кои трговците ќе треба да ги означат со натпис „Гарантирана цена“, ќе бидат замрзнати до 30 ноември, а супермаркетите ќе треба да обезбедат најмалку 70 отсто од количината што ја продале во август.