Денеска во утринските часови во Република Македонија пристигна поглаварот на римокатоличката црква Папата Франциск.
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск утринава стигна во Република Македонија и веднаш се упати во претседателската Вила Водно, каде што се сретна со претседателот Иванов и имаше обраќање пред државните власти и претставници на граѓанското општество.
Папата Франциск по денешната свечена миса на плоштадот се упати на ручек во католичката резиденција на Водно, како гостин на скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монсињор Киро Стојанов.
Освен што папата Франциск ќе биде послужен со најдобрите македонски вина од винарницата „Стоби„, тој ги вкуси и најубавите македонски традиционални јадења.
Како главен готвач на Папата Франциск е Мирко Рагуса, кој на својот Фејсбук профил напиша дека е голема честа да се биде готвач на поглаварот на Римокатоличката црква, кој денеска присуствува во Македонија.
Како што можевме да забележиме на неговиот Фејсбук профил, Мирко е исто така сопственик на Villa Ragusa Vodno .
Граѓаните чекаат повеќе од половина час за влезот во рестриктивната зона поради безбедносните проверки кои се вршат во 2 наврати.
На сите осум влеза во зоната има засилено полициско обезбедување и се врши проверка на секој граѓанин што сака да присуствува.
Тој беше пречекан со високи државни почести од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Папата Франциск слета утрово околу 8 часот каде што беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев. На аеродромот беше пречекан на традиционален македонски начин, со леб и сол.
За време на приемот што го организираше претседателот Ѓорѓe Иванов во резиденцијата на Водно, на папата Франциск и на сите кардинали и бискупи што се дел од официјалната делегација им беа подарени вина од премиум колекцијата „Барово“, „Бела вода“ и „Домен Лепово“ што се дел од новата бренд платформа на ВВ „Тиквеш“ – Tikveš Chateaux & Domaines.