Од овие хороскопски знаци никогаш нема да ги слушнете зборовите те сакам

ИЗВОРНов Лист
|

Нив зборовите ништо не им значат, тие покажуваат љубов на еден сосема поинаков начин

На прв поглед, тие изгледаат ладно и недостапно. Сепак, изгледот може да ве излаже, а таков случај е и со овие знаци. Иако тие ретко ги кажуваат овие два збора, сепак тоа не значи дека тие немаат емоции за вас, тие се едноставно многу затворени по природа.

Јарец

Студена и арогантна личност, оваков впечаток добива секој што за прв пат запознава некој роден во знакот на Јарец. На прв поглед изгледаат како романтиката да им е сосема непозната, но кога остануваат сами со саканата личност, ситуацијата се менува.

Тие можат со гестови и подароци да покажат љубов, но им треба долго време да се отворат и да ги изговорат зборовите „Те сакам“. Иако го чувствуваат тоа, тие ретко ги кажуваат најдлабоките емоции гласно. Ако сте во врска со некој Јарец, ќе ви требаат челични нерви и многу трпеливост да ги слушнете тие зборови.

Лав

Дури и по многу години поминати со некоја личност, на Лавовите им е тешко во целост да се препуштаат и да ја покажат романтичната и ранливата страна. Тие сакаат да бидат авторитетни и да остават впечаток на силна личност, па затоа ретко ги покажуваат своите емоции. Лавот ќе направи сè за вас, но ќе почекате додека ја слушнете изјавата за љубов.