Од овој детаљ кој осамнал на вечното почивалиште на Оливер Драгоjевиќ ќе роните солзи – неговата сопруга откри и кој го оставил тоа

ИЗВОРСкопје24
|

На годишнината од заминувањето на легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ неговата сопруга Весна Драгојевиќ откри како го поминала животот со пејачот, но и една година по неговото напуштање на овој свет. Таа во тажното видео откри и еден детаљ поврзан со годишнината. Имено на неговото вечно почивалиште пронашла гравирана плоча со неговиот лик која го направила и донела некоја девојка од Полска која му напишала и негова посвета.

Весна во целото интервју кое го дава за прв пат по неговото заминување раскажува и дека се чувствува како да не ги напуштил се уште.

– Јас се уште не знам дека тој е заминат, ете така се чувствувам, еве бев горе на гробот и како да сум била кај некој роднина на гробишта, можеби мозокот не ми дава да ми влезе во глава дека веќе го нема. Јас целиот стан дома го реновирав и не можам сега да живеам од некој спомени и да ги гледам тие. Целата негова соба ја реновирав и сите работи ги спакував во кутии за во музејот, додека неговите алишта мижеечки ги ставав за да не го гледам и тоа, вели неговата сопруга. Таа додава дека еден месец по неговото заминување дошло на свет нивното шесто внуче, а сето тоа тој го знаел и бил свесен за тоа.

-Знаеше и како ќе се вика, но не успеа да го види, вели Весна.

https://www.facebook.com/INmagazinNovaTV/videos/2981264738612362/