Нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе поскапат во просек за 1,67 отсто, соопшти вечерва Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и ќе останат 93 и 95 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за три денари и ќе изнесува 97 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 92,50 денари, а на Мазутот се зголемува за 1,404 денари и ќе изнесува 60,569 денари за килограм.
-Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, наведува РКЕ.