|
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за цените на горивата кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела РКЕ одлучи цените на бензините да се намалат за еден денар, а дизелот да поевтини за два денари.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 51,335 (денари/килограм).
По состанокот на РКЕ, дополнително ќе информираме за цените на горивата кои ќе важат од вечерва по полноќ.