Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 денари од литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,50 денари за литар.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар за литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.07.2019 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 денари за литар.
Претходно Бензините поскапеа за половина денар, додека за истиот износ се намали цената на дизелот.
Еуросупер БС – 95 се продаваше за 69 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 се продаваше по 71 денар за литар.
Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) чинеше 61 денар за литар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство беше 50,50 денари за литар.