Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 2.5.2023 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,455 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,620 ден/кг.
Од 6.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 39,620 (денари/килограм).