Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека од понеделник (5 септември) ќе почне да функционира новата пробна линија „2Б” на релација с.Сарај до населба Ченто и обратно.
„Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од понеделник (05.09.2022 год) започнува да сообраќа нова пробна линија 2Б на релација с.Сарај – М.А.Ченто и обратно.
Почетна/крајна станица на “2Б” во с.Сарај ќе биде на почетно/крајната станица на “2” и ќе биде идентична со трасата на “2” се до постојката Алкалоид во Автокоманда, потоа ќе продолжува по булевар “Александар Македонски”, па улица “М.А.Ченто” до населба Ченто (почетно-крајна станица на линиите 23 и 45).
По посочената траса ќе сообраќа и во обратна насока (Ченто – Сарај).
Линијата “2Б” ќе функционира од понеделник до петок по следниов возен ред:
Од Сарај: 7.07 ч, 9.18 ч, 11.28 ч, 13.31 ч, 15.49 ч и 17.55 ч.
Од Ченто: 6 ч, 8.10 ч, 10.20 ч, 12.30 ч, 14.40 ч и 16.50 ч.
Со воведувањето на “2Б” ќе се исполни повеќегодишното барање на локалното население од Ченто за подобра и директна побрзаност на населбата со јавен превоз со останатите делови од градот.“ се вели во соопштение на ЈСП.