Од понеделник ќе се отвори нов пункт за промена на личните документи во Скопје

|

Министерството за внатрешни работи е во завршна фаза за средување на пункт, кој треба да се стави во функција за издавање на лични документи. До сабота треба да завршат сите подготовки на просторијата за да почнат со работа вработените, а граѓаните да бидат услужени, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој одговараше на новинарски прашање, по отворањето на нов објект за форензички испитувања во МВР.

– Очекувам веќе од сабота или од понеделник, во зависност како ќе бидат подготвени, да можеме да го ставиме објектот во функција, со тоа што се подготвуваме да направиме две смени во самиот објект и на некој начин да имаме добра динамика за граѓаните. Така да од една страна сите групни домови, старски домови е дадена можност да се пријават и во неколку од нив се завршени комплетно со земање на податоци за издавањето на новите лични документи, изјави Спасовски.

Тој најави дека во следниот период ќе имаат таргетирани групи и граѓни, кои ќе можат да ги сменат личните документи. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува до крајот на годината или почетокот на јануари во сите објекти, во кои може да се заменуваат податоци да бидат завршени.