Од понеделник можен нов ценовен шок: Цената на нафтата руши рекорди

|

Иако 9 недели по ред цената на горивата во Македонија расте, по последните светски случувања и наредниот понеделник можеме да очекуваме ново поскапување на цената.

Имено, цената на суровата нафта на светско ниво и натаму останува висока по еска лацијата на тензиите меѓу Украина, Русија и западот.

По вчерашниот рекорд кога барел нафта на берзата во Лондон се продаваше по над 99 долари, денеска цената и натаму останува на ниво над 96 долари за барел што гарантира дека и во иднина ќе имаме исклучително високи цени на горивата во Македонија.

Евентуална ескалација на тензиите дополнително може да ја зголеми побарувачката на нафта што дополнително ќе ја зголеми нејзината цена на берзите.

За нас во Македонија тоа значи дополнителен раст на малопродажните цени. Доколку продолжи овој тренд на забрзан раст на цената на суровата нафта на светските берзи и во текот на неделата, не се исклучува можноста од понеделник да имаме уште едно значително зголемување на малопродажните цени.

Ние и во моментов плаќаме рекордно висока цена. Литар бензин чини 84 денари за 98 октанскиот и 82 денари за 95 октанското гориво, Дизелот во моментов чини 74 денари за еден литар.