Од понеделник МВР ќе издава регистарски таблици со NMK (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Новите регистарски таблички за возилата кои МВР ќе ги издава од наредната недела,од понеделник, ќе бидат со национална ознака NMK наместо досегашната МК.

Според измените кои ги направи Министерството, предвидено е новите таблици да се издаваат од 15 јуни, но бидејќи е сабота, првите ќе се издадат веројатно во понеделник.

Оние пак, кои немаат потреба веднаш да ги менуваат таблиците ќе ги користат веќе воведените налепници.

Инаку, и општина Крушево ќе има сопствени регистарски ознаки KS и истите ќе бидат на новите таблички од возилата, обзнани градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христовски.

– Упатувам искрена и голема благодарност до Министерот Оливер Спасовски за изменување на Правилникот за регистрациони подрачја за возилата и нивните ознаки во Р.С. Македонија и воопшто за уважување на нашето барање.

Општина Крушево станува препознатлива општина во повеќе области, додека крушевчани ќе имаат свои препознатливи регистарски табли, рече Христовски.