Од Шар Планина успешно спасени двајца планинари

|

Успешно се спасени двајца планинари од Шар Планина во акција спроведена од страна на екипа за брз одговор за спасување од Подрачното одделение за заштита и спасување во Тетово со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

„Еден од планинарите беше повреден и му беше извршено брзо интервенирање на коленото. Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со планинарите се упатени кон село Вешала“, велат од ДЗС.

Како што претходно соопштија оттаму, спасувачкиот тим ја започнал акцијата околу 15 часот откако било пријавено дека двајцата планинари од Скопје се наоѓаат некаде над селото Вешала, Кобилица на Шар Планина во близина на границата со Косово.