Од септември планирано зголемување на платите на вработените во овој сектор

|

Зголемувањето на платите на универзитетските професори веќе е планирано во Буџетот за од септември и тоа и во оригиналниот, а стои и во ребалансот на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“.

Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека го видел писмото кое го имаат пратено од универзитетските професори и додаде дека контактираат бидејќи и тој е универзитетски професор.

– Точно е дека во целиот образовен сектор треба да се покачат платите и ако го погледнете буџетот тој од година во година се зголемува во однос на платите во високото образование, меѓутоа и инвестициите кои се прават и средствата кои се определуваат за образование и наука, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски посочи дека треба да бидеме свесни дека имаме повеќе државни универзитети во земјава и сите да бидиме свесни дека се наоѓаме во време на голема економска криза.

– Верувам дека со професорите, со универзитетските професори ќе се изнајде решение бидејќи веќе во буџетот има планирно средства за зголемување на платите, додаде Ковачевски.

На одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“ покрај премиерот Ковачевски присуствуваа министрите за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врски Благој Бочварски и за локална самоуправа Горан Милевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани.