Во среда завршува рокот за дел од антикризните мерки на Владата, по што се очекува ново поскапување на основните прехранбени производи. Според информациите, маслото за јадење се очекува да поскапи за 7 денари, додека лебот за нови 2 денари. Млекото, пак, за најмалку 3 денари, а јајцата и килограм ориз поскапуваат за 5 денари.
Парламентот на Македонија, во месец март ги изгласа антикризните мерки, предложени од Владата, со кои се намалува ДДВ-то, за основните прехранбени производи од 5 на нула проценти и се намалуваат акцизите за гориво. Владата истотака ја ограничи маржата за трговците на 5, односно 10 проценти за одредени производи.
Ослободувањето од ДДВ го вклучува лебот, брашното од типот 400, шеќерот, путерот, кравјо млеко, месото, оризот и јајцата.
Според статистичките податоци, во април, цените на мало пораснале за повеќе од 11 отсто, а инфлацијата достигнала 10,5 отсто.