Ед Ширан неодамна го соборил рекордот со најголема заработена цифра во една година, но тука не застанува.
Еден од омилените пејачи на денешницата наводно ќе стане милијардер пред да наполни 30 години, пренесува Дејли Меил.
Наводно се венчал со својата средношколска љубов, а брачниот живот сигурно му е полесен со оглед на тоа дека заработува милиони секоја седмица. Неговата турнеја засега му овозможи неверојатни 500 милиони фунти.
Овој 28-годишник би требало да заработи уште 100 милиони фунти во наредните три месеци, што значи дека ќе го собори рекордот на бендот „U2“, кој во период од 2009-та до 2011-та година заработил 579 милиони фунти.
Маркл Борковски, музичкиот експерт, за „The Sun“ рекол: „Тоа е човек кој некогаш свирел на улиците, а наскоро ќе стане милијардер. Тоа е само доказ колкав потенцијал има музиката во живо денеска.“
„Немав каде да живеам во најголемиот дел од 2008 и низ 2009-та и 2010-та, но некако се снајдов. Знаев каде можам да најдам кревет во одредено време, а исто така знаев кому треба да му се јавам за да можам да преспијам на неговиот под. Тоа што бев друштвена личност ми беше од помош. А и пиењето помогна“ – пишува Ширан.
Во најголемиот дел од времето, Ширан преспивал кај луѓе што ги знае. Сепак тој вели дека минал неколку ноќи спиејќи пред Бакингемската палата. Тоа го инспирирало да ја напише песната Homeless. Но, Ширан се врати во голем стил во Бакингемската палата каде настапи пред кралицата Елизабета во 2012-та.