Од утре нема плаќање во кеш суми над 500 евра – казни до 80 000 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Од 1 јуни годинава согласно новата одредба на Законот за спречување на перење пари и финансиски тероризам, во земјата ќе биде забрането готовинско плаќање на стоки и услуги во износ од 500 или повеќе евра во денарска противвредност како една или повеќе очигледно поврзани трансакции.

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра. Целта на овој закон е да се спречи сивата економија, а граѓаните да можат во кеш да купат само нешто ситно.

Наместо да користат кеш, жителите на Македонија ќе мора да користат платежна картичка или со уплатница да уплаќаат готовина во банка, штедилница или да плаќаат преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Денес истекува рокот за проверка на годишната даночна пријава од УЈП

Денес (31 мај) истекува рокот за проверка на податоците од претпополнетите годишни даночни пријави, кои граѓаните ги добија по електронски пат. До крајот на денов даночните обврзници можат да ги потврдат пријавите или да вршат корекција, доколку сметаат дека внесените податоци не се точни. По истекот на рокот, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави.

Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.

Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава.

Од УЈП наведуваат дека граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави, може да се обратат во контакт центарот на телефонските броеви 0800 33 000 и 02/3253 200.