Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.
Ова не е прв пат да одат во штрајк, с како што изјави Чакаровски за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава дека ќе ја прекинат работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец, октомври.
Првиот штрај беше на 1ви месецов, но само по еден ден беше прекинат затоа што платата беше исплатена наредниот ден.
Во одлуката е наведено и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, како и дека во спротивно, нема да работат веќе од наредниот ден.