Од утре се очекува нормализација на возниот ред на линии 19 и 20

ИЗВОРНов Лист
|

Изминативе неколку денови линиите „19“ и „20“, кои се движат од централниот дел на градот до Шуто Оризари, не сообраќаа бидејќи Град Скопје не им исплатил средства на приватните превозници веќе три месеци.

Од утре овој возен ред ќе се нормализира, истакна Милорад Димитриевски во изјава за ТВ21.

„Од утре се нормализира возниот ред на линиите 19 и 20. Имаше средба меѓу претставниците на Град Скопје и Макекспрес“, порача тој во изјава за ТВ21

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш побара од градоначалничката Данела Арсовска на линијата 19 да се пуштат повеќе автобуси на ЈСП „Скопје“.