Од утре стартува владиниот проект за поврат на ДДВ – Еве што треба да направите

ИЗВОРСкопје24
|

Од утре граѓаните ќе можат да ја превземат апликацијата МОј ДДВ преку која ќе можат да праваат поврат од 15 отсто на платениот данок на додадена вредност. Директорката на управата за јавни приходи Лукаревска посочи дека аплиакцијата е едноставна но дека управата е подготвена да им помогне на сите граѓани кој ќе се соочат со проблеми.

Направивме лесна апликација, достапна за поврат на 15 % од ДДВ кај граѓаните. Апликацијата МојДДВ ќе биде достапна за симнување од понеделник, 1 јули 2019 преку: Google play store Apple store.

Ова е за прв пат државата да им враќа пари на граѓаните!
УЈП е подготвена да им излезе во пресрет на сите граѓани кои имаат потреба од поддршка при регистрацијата на системот на е-пдд и за скенирање на фискалните сметки, за што повеќе ќе презентираме во понеделник, напиша Лукаревска на својот фејсбук профил.

Повратот на ДДВ ќе се прави со скенирање на баркодовите од фискалните сметки на мобилните телефони. Мерката важи за сметките до 30 илјади денари кои не се постари од 10 дена. Единствено нема да може да се скенираат сторнираните фискални и за тие кои е издадена сметкопотврда.

Оние пак кои немаат паметни телефони и постарите лица кои имата проблем со технологија скенирањето на сметките ќе можат да го прават во центрите на УЈП. На парите од вратениот ДДВ нема да се плаќа персонален данок. Ваквата можност ќе важи за сите со наполнети 15 години кои имаат отворено сметка во банка и се регистриорани во системот за Е – даноци во управата за јавни приходи. Бидејќи мерката стартува на средина од годината, првата исплата ќе биде во декември, а од догодина ќе се прави квартално, односно во февруари, мај август и ноември. Според анализите од оваа мерка кај граѓаните ќе бидат вратени оклу 50 милиони евра годишно.

Едно четиричлено семејство пак годишно ќе може да направи поврат од близу 500 евра. Сепак според анализите на економскиот институ Фајнанс Тинк оваа сума ќе можат да ја добијат само најбогатите семејства кои во текот на годината трошат над 20 илјади евра. Најсиромашните ќе добијат само 700 денари, а средната класа од 50 до 100 евра годишно.