Одберете некоја од нив: Најубавите плажи на Турција (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Турското крајбрежје се простира на околу 8.300 километри, излегувајќи на Црно, Мраморно, Егејско и Средоземно Море. Идеалната клима овозможува одмор сè до крајот на октомври. Иако Турција може да се пофали со десетици познати песочни плажи, издвојуваме три, кои го земаат здивот со својата исклучителност.

Според многумина, најпопуларна плажа во Турција е Олудениз, сместена во заливот на Фетије. Преубавата лагуна е заштитена зона за да се зачува нејзината природна убавина. Карактеристична е по својот единствен облик, а славна е за нуркачите кои тука доаѓаат од целиот свет во потрага по различни видови морски свет. Влезот на плажата се наплатува.

Во Бодрум и околината се наоѓаат неколку познати плажи. Плажата Ѓумбет се наоѓа на југозападното крајбрежје, околу 5 километри западно од Бодрум, а самиот град Ѓумбет постои заради плажата. Едрење, скијање на вода, параглајдинг, банана чамци, ринго…, тука тоа е главната денска забава, додека ноќните лудувања ќе ги задоволат вкусовите и на оние со добар „тренинг“. Многуте ресторани и кафулиња покрај плажата нудат забава до раните часови, а во некои се чека и зората.

И областа Алања изобилува со извонредни песочни плажи. Околу градот Алања се простираат плажи во должина од над 20 километри. Најпозната е Клеопатра, наменета за туристи што сакаат луксузен одмор, но не им пречи гужвата на плажа. Градот е фокусиран на масовниот туризам и располага со голем број ноќни клубови и дискотеки.

Одморите во Турција често се незаборавни не само поради богатите содржини што се нудат не само во познатите туристички дестинации, туку и во малите адаптирани туристички селца, туку и поради љубезноста на домаќините и нивниот напор да ги задоволат сите желби на туристите. Со години Турција се гордее со своите луксузни хотели и одморалишта, кои секоја година стануваат сè повеќебројни, а со тоа што го нудат за цената се надвор од конкуренцијата на европските познати летни дестинации.