Јанева останува во затвор, откако жалбата и беше одбиена
Кривичниот суд доцна синоќа и одреди 30-дневен притвор на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за определениот 30-дневен притвор, потврдија од скопскиот кривичен суд за А1он. Тоа значи дека Јанева останува во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Кривичниот суд доцна синоќа и одреди 30-дневен притвор на специјалната обвинителка Катица Јанева. Таа е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ. Станува збор за прибавување имотна корист во значителен износ од 1,5 милиони евра. Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените.