Одбиле да му дадат кредит, 18 години подоцна ги купил: Човекот кој докажа дека животот е непредвидлив

ИЗВОРНов Лист
|

Сега 39-годишниот Адам Диринг немал ни цент во 2002 година, поради што се упатил во банка во Урмстон, во округот Велики Манчестер, за да земе заем и да започне бизнис, но менаџерката на банката не била многу воодушевена од неговата идеја за бизнис и одбила да му исплати 10.000 фунти под изговор дека Диринг е многу млад.

Судбината е навистина интересна, и никогаш не можеме ниту да насетиме што всушност животот ни подготвува, па така и оваа менаџерка не можела ниту да замисли колку голема улога таа ќе одигра во неговиот живот.

Британецот не можел да си дозволи ниту столица, работел на под на една мала канцеларија, а во 2014-та година својата компанија ја продал за 450.000 фунти. Со парите години подоцна ја купил зградата во која се наоѓала токму оваа банка која го одбила на почетокот.

„Кога имав 21 година ја напуштив работата како продавач бидејќи знаев дека можам да покренам успешен бизнис, но немав пари, па ми беше потребна позајмица. Им го претставив целиот бизнис план и побарав 10.000 фунти, но менаџерката не ме сфати воопшто сериозно иако и срцето и душата ги вложив во тој план. Кога ми кажа дека сум млад и неискусен и дека затоа не сака да ризикува, бев скршен. Бидејќи немав пари, 4 месеци им се јавував на луѓе од подот, бидејќи немав средства ниту за маса и столица. Имаше многу моменти кога помислував дека дошол крајот, но одбивав да се предавам“ – се присетил Диринг.

Адам, бил проблематичен тинејџер, па на 14 години бил исфрлен од училиште затоа што уништил автомобил. Денес им помага на многу компании да ги организираат своите финансии, а благодарение на успехот тој е и мотивациски говорник.

Дека трудот, напорната работа и посветеноста во исполнување на соништата секогаш се исплатат е доказ и овој човек затоа што во наредните години, неговиот бизнис сепак тргнал и прераснал во нешто прекрасно.

А, што ќе биде со зградата на банката која ја купил? Ќе биде целосно реновирана и ќе добие нова намена – ќе се изградат 8 станови и еден продажен салон на тоа место.

„Купувањето на оваа банка за мене беше начин да ја заокружам оваа приказна и да им покажам дека без во право кога верував во себе“, рекол Диринг за Дејли Меил.