Одбројувањето до 28-ми август започна. Марко Пејчиновски – детето кое има повеќе мотивација и упорност од сите нас заедно ќе плива за РЕТКИТЕ.
Со ваква објава на социјалните мрежи се најавува уште еден голем подвиг на малиот охридски херој.
– На 28-ми август Марко ќе плива – за РЕТКИТЕ. Маркирајте ги календарите – 28.08.2019 година, порачуваат организаторите.
Марко на крајот на август минатата година изведе вистински подвиг кога го преплива Охридското Езеро, од Свети Наум до Градското пристаниште. Со само 12 години, патеката ја преплива за околу девет часа, а бидејќи има некроза на ногата, најмногу ги користеше рацете.