Овен (21.03 – 20.04)
Неочекуван пресврт на деловен план ќе ви го промени животот. Имате прилика да си го наплатите долгот. Опкружени сте со недоверливи лица. Партнерот се однесува чудно, што на вас ви создава сомнежи. Можни се проблеми со синусите.
Бик (21.04 – 21.05)
Премногу се оптеретувате со глупости. Не треба по секоја цена да склучувате нови работи или да потпишувате документи без детани проверки. Во љубовта сте многу романтични и отворени, што кај партнерот предизвикува позитивни реакции. Можни се проблеми со варењето.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Никако не ви се препорачува било кој вид на партнерство. Лицето со кое сакате да започнете бизнис е прилично чудно или премногу самоуверено. Љубовниот живот не е сјаен, главно поради вашите зачестени нервози.
Рак (22.06 – 22.07)
Некој ќе ви замери за вашето однесување. Ќе добиете критики и за приватниот и за деловниот живот. Седнете и размислете што е потребно да се промени. Во овој период ќе постои стагнација која ќе ви донесе нервоза.
Лав (23.07 – 22.08)
Премногу им верувате на некои колеги, па со самото тоа можете да направите некои грешки кои можат скапо да ве чинат. Прифатете го само фактот кој ви оди во прилог. Склони сте на конфликти во односите со партнерот.
Девица (23.08 – 22.09)
За да си обезбедите подобра работа најпрво е потребно добро да размислите. Со партнерот не сте во состојба да најдете заеднички јазик, или можно е некои нерасчистени сметки од минатото повторно да се активираат. Поведете повеќе сметка за изгледот.
Вага (23.09 – 22.10)
Не размислувате многу за деловните активности и поради тоа можете да бидете пријатно изненадени. Чувајте се од можни грешки. Партнерот ќе ви постави невозможни барања, поради што може да дојде до кавга. Потребно ви е повеќе сон.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Површни сте и донесувате избрзани одлуки. Некој се обидува да ве заштити, но на вас како премногу да ви смета вниманието од некој, и тоа јасно го покажувате. Ситуацијата во вашиот дом станува прилично напната и полна со наталожени проблеми. Хедониста сте.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Проблемите на работа ви создаваат хаос во животот. Прилично сте неактивни и склони себе си премногу да си угодувате. Партнерот ве игнорира од некоја причина. Разговорот би помогнал некои работи да се решат. Го занемарувате вашето здравје и затоа не ви е добро.
Јарец (22.12 – 20.01)
Посакувате ново работно место, но ништо не преземате по тоа прашање. Се наоѓате на почеток на важен период во кој вашите работи би започнале да се придвижуваат од мртвата точка. Успевате кај луѓето да предизвикате симпатии.
Водолија (21.01 – 19.02)
Тврдоглавоста често, па и овој ден, ќе ви донесе лоши резултати. Вашите најблиски го губат трпението со вас, но на вас тоа не ви смета. Можни се проблеми со забите, обрнете му поголемо внимание на здравјето.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате чувство дека работите се одвиваат надвор од вашата контрола и поради тоа чувствувате голема несигурност. Немојте да вршите преголем притисок на партнерот, согледајте ја малку и другата страна. Добро се чувствувате и тоа се одразува на вашето здравствена состојба.