Овен
Работа Вложувате голем напор, но на крајот не оставате позитивен впечаток на одредени соработници. Побарајте добар совет или нечиепосредување во однос на работата со која се бавите. Љубов Нема причина да го прикривате вашето емоционално расположение пред лице кое е добро запознаено со вашите доблести или недостатоци. Ќе се чувствувате подобро со искрена самодоверба и близина. Здравје Потребена ви е одмор.
Бик
Работа Договорот со едно лице ве поврзува на одредени услови или на строга деловна дискреција. Сепак, имате различни идеи и нема да дозволите некој да одлучува во ваше име за деловни интереси. Љубов Понекогаш сакате повеќе отколку што можете. Партнерот постапува мрзоволно додека ги слуша вашите забелешки. Бидете реални во оценувањето на нечии опции. Здравје Добро се чувствувате.
Близнаци
Работа Бидете доволно опуштени пред лицето кое ве обврзува со одредени услови во деловната соработка. Важно е да се зачуваат вашите интереси и добри односи со околината. Љубов Чувството на емоционална блискост во вас го поттикнува позитивното расположение и креативната енергија. Добро е што се ориентиравте кон подобрата страна на реалноста. Здравје Лоша циркулација.
Рак
Работа Постојано барате излез од сложени ситуации, но некој ќе ве оптоварува со различни барања. Секој проблем има добро решение, под услов да прифатите корисни совети за менување на вашата стратегија. Љубов Избегнувајте ривалство или некоја љубоморна сцена. Покажете му на саканото лице дека имате слични потреби и бидете мудри. Здравје Одлично.
Лав
Работа Делувате мудро и смислено кога се сретнувате со соработниците. Нема причина да се однесувате несоодветно, туку препуштете другите да ви кажат за вашиот успех или за вашата корист. Љубов Покажете искрен интерес за идеите на некој близок. Избегнувајте разни емоционални провокации или нова љубоморна сцена, бидејќи нема причина премногу да се потресувате. Здравје Корегирајте ја исхраната.
Девица
Работа Донесувате рационални одлуки, но понекогаш треба да делувате според инстинкт. Внимателно набљудувајте ги вашите соработници и правецот кој води кон некој заеднички успех. Љубов Сè е можно, ако сте доволно инспиративни и упорни во своите намери пред саканото лице. Бидете доволно доследни во она што го мислите и сакате. Здравје Стомачни проблеми.
Терезија
Работа Нема причина да ги обвинувате другите за моменталниот неуспех. Можно е грешките да се во вас, а не во околината. Понекогаш е тешко да се признае личен пораз, но тоа е неизбежно. Љубов Анализирајте го однесувањето на партнерот внимателно затоа што може да има некои непознати околности или детали кои ви бегаат. Не игнорирајте нечиј збор или порака што ја примате. Здравје Добро.
Скорпија
Работа Ако премногу критикувате нечие однесување, тогаш мора да прифатите можни негативни реакции. Ваша грижа е да го смените однесувањето на некој или дополнителните услови наметнати од страна на одредени соработници. Љубов Избегнувајте провокативни ситуации или лице кое не ги задоволува вашите емоционални критериуми. Треба искрено внимание и разбирање. Направете избор според вашите афинитети. Здравје Можна главоболка.
Стрелец
Работа Важно е да оставите сериозен впечаток. Околината има доволно слух или интерес за поддршка на вашите идеи. Новите деловни настани може да ве позиционираат во позитивно светло. Љубов Покажете дека имате разбирање за некој близок. Сè што правите треба да ве приближи до слични цели. Имагинацијата секогаш делува како бескрајна инспирација ако сте во вистинското друштво. Здравје Премногу сте чувствителни.
Јарец
Работа Ветувањата што ги добивате не претставуваат гаранција за деловна победа. Треба да реагирате во одреден момент и категорично да ги заштитите вашите интереси Љубов Бидете сигурни дека постапувате со голем ентузијазам и инспирација пред некој близок, и не дозволувајте да се оддалечите од некои заеднички планови. Здравје Добро.
Водолија
Работа Не дозволувајте некој да ве оптоварува со погрешни идеи или одеднаш да ве условува. На вас е да им предложите на вашите соработници корисно решение кое треба да ги задоволи различните интереси. Љубов Често ја губите трпеливоста пред една саканата личност. Обрнете внимание на веселата содржина и немојте да бидете нетрпеливи, сè ќе си дојде на свое. Здравје Добро.
Риби
Работа Нема причина да ја одложувате средбата со соработници. Тоа е момент да ги забрзате вашите деловни активности или да прифатите нечија понуда. Постои личност со која споделувате заеднички деловни интереси и позитивно искуство. Љубов Нека вашиот партнер игра голема улога во вообичаените ситуации, особено кога љубовниот ентузијазам ве води до најуспешно. Здравје Болки во мускулите.