Алуминиумската фолија со своите карактеристики е незаменлива во складирањето и подготвувањето на храна, а често се користи и надвор од кујната. Еве како може да ја искористите во вашиот автомобил
Опциите се бројни, а една од најпопуларните примени е заштита од сончевите зраци. Многумина ја користат како прва и најбрза линија за заштита на прозорците од навлегувањето на сончевата топлина на прозорците во куќа, стан, а истото важи и за автомобилот. Затоа, не е лошо ветробранското стакло да се заштити со алуминиумска фолија (секако ако немате друго решение). На крајот на краиштата, физичките креми за сончање, особено поскапите, се засноваат токму на овој вид фолија.
Друга можна употреба е можеби и покорисна. Особено ако имате понов автомобил кај кого клучот го контролира возилото и по паркирање и негово гасење. Ако го завиткате клучот во фолија, евентуалните крадци нема да можат да го фатат неговиот сигнал и да го преземат кодот. Имајте на ум дека на крадците им е доволно помалку од една минута време за да ви го „однесат“ возилото.
Третиот совет е за сопствениците на постари автомобили со класични осигурувачи и многу помалку електроника. Прегорениот осигурувач можете да го „поправите“ ако го завиткате во фолија. Но внимателно со ова решение. Ова само привремена мерка и може да биде опасна.
Ако треба да преточите течност, на пример гориво, алуминиумската фолија повторно може да помогне. Свикајте ја фолијата во форма на конус и оставете мала дупка на дното. Ако имате самолеплива лента, залепете ја фолијата (може и немора) и инката е подготвена.
Извор: dodajgas.mk