По огласите се почесто можеме да прочитаме дека се изнајмуваат луксузно наместени станови во Скопје, за еден или неколку дена.
Од 25 до 50 евра се изнајмуваат луксузни станови со една или повеќе спални соби, со опремена кујна, интернет, светски ТВ-канали при што во цената се вклучени сите трошоци, а се добива и чистење на становите. Се повеќе агенции во Скопје, покрај класичното издавање станови, почнаа да се занимаваат и со ваков начин на изнајмување. На интернет, ако се пребара под поимот „луксузни апартмани“, се добиваат десетици агенции што се занимаваат со издавање популарно познат „стан на ден“.
Клиенти се деловни луѓе од странство, претставници на разни компании, но и семејства, кои заради туризам или од семејни причини доаѓаат во Скопје, а не ретко и луѓе од земјава што од различни причини – деловни или здравствени, изнајмуваат станови за неколкудневен престој, што им е многу поисплатливо. Зошто, во стан од 45 квадратни метри, еднодневен престој чини од 20 до 25 евра, што ако се подели на двајца, е поевтино отколку во хотел.
Меѓутоа, за да се влезе во ваквата понуда, станот треба да е навистина луксузен и убаво опремен. А со оглед дека се потешко оди класичното издавање станови, многумина од тие што имаат „вишок“ станови се решаваат да вложат во реновирање и опремување за да влезат во понудата „стан на ден“.
Скопјанец заработил 847.477 евра од рентање имот
Во 2107 година убаво се живело и од поседување на земјиште станови деловни простории како и од авторски права.
Податоците на Управата за јавни приходи објавени, покажуваат дека жители на Скопје и во овие сектори предничат пред другите.
Прворангираниот според вкупно остварени бруто приходи од имот и имотни права (издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот) е обврзник од Скопје, кој пријавил 847.477 евра.
Прворангиран според остварени вкупно бруто приходи од авторски права/индустриска сопственост е обврзник од Скопје со 533.114 евра.