Одличен ден на љубовно поле за Лавот, напнат ден за Девицата: Дневен хороскоп (12.11.2021)

ИЗВОРНов Лист
|

ОВЕН

Некои напнати моменти на деловното поле сте ги оставиле зад себе, но сеуште чувствувате нервоза и стрес бидејќи количината на обврски ви е голема, а вашите рокови за завршување се кратки.

БИК

Со тешко срце и многу трпение успевате да се усогласите со некои деловни соработници. Можеби нема да бидете целосно задоволни од резултатите, но сега така стојат работите. Свесни сте дека сте направиле некои грешки или пропусти во односот со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ

Деловниот соработник ве притиска, но можеби и критикува поради доцнењето со некои обврски кон него. Не грижете се бидејќи вие сте свесни дека тој е во право. Сработете го тоа што сте го земале како обврска.

РАК

Максимално сте посветени на своите деловни обврски иако не чувствувате доволен елан и стимулација за работа. Ова нерасположение и статичност се од пролазен карактер и како што ќе поминува денот, ќе се чувствувате подобро.

ЛАВ

Не сте сигурни како треба да постапите во една деловна ситуација која ве загрижува. Ве советуваат да почекате да се средат работите. На љубовното поле може да се случат прекрасни равоти, исполнети со нежност и романтичен ден.

ДЕВИЦА

Денес ви се наметнати големи обврски и одговорности и на деловното и на семејното поле. Прашањето е колку ќе имате време, трпение и желба да фунционирате на сите страни одеднаш. Можност за ново познанство и контакт со личноста која ве заинтересирала.

ВАГА

Многу важен контакт или средба со сериозен деловен партнер. Ако ви треба совет или помош, слободно контактирајте постар колега или лице за кое сметате дека е авторитет за некои прашања. Вие би сакале некој близок да покаже повеќе разбирање за вашите проблеми.

СКОРПИЈА

Вашите планови во текот на овој ден се многу сериозни и исто така ќе можете да добиете силна деловна понуда. Се обидувате да остварите подобар контакт со колегите и блиските соработници. Проблемот на емоционалната природа е прилично незначителен.

СТРЕЛЕЦ

Знаете точно што е она што треба да го направите и нема да дозволите некој да ја расипе вашата концепција. Го посветувате целото внимание на обврските, но исто така и на луѓето со кои работите. Подготвени сте да ги слушнете луѓето кои го бараат вашиот совет. Одличен ден за емоционални контакти.

ЈАРЕЦ

Уште една обврска, се разбира во најнезгоден момент, и тоа кога веќе знаете “каде удирате”. Длабоко вдишете и подгответе се да бидете фокусирани на она што го правите. Вие интензивно размислувате на една личност. Не сте сигурни што треба да направите кога е таа во прашање.

ВОДОЛИЈА

Вие се однесувате на најправен и пријателски начин кон оние со кои доаѓате во контакт, особено со луѓето што доаѓаат да побараат помош и совет. Можно е да ви се допадне малку, бидејќи се покажа дека сте биле сосема во право во некои работи.

РИБИ

Ти требаше поддршка од претпоставените, но малку е веројатно дека ќе ја добиете во текот на овој ден. Вие не сте подготвени да убедите или инвестирате во никого, и ќе се откажете од целата приказна. Добар контакт и комуникација со едно лице.