Овен (21.03 – 20.04)
Можна е неочекувана помала парична добивка. Се повлeкувате пред нервозата на партнерот. Во моментов не сте расположени за кавги, расправии и надмудрувања.
Бик (21.04 – 21.05)
Динамичноста на вашата врска се подобрува. Позитивните впечатоци кои сте ги оставиле кај колегите од работа ви даваат шанса да ги повикате за помош во било кое време.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Се поигрувате обидувајќи се да ја задржите енергијата само за себе, нивото на адреналин е во пораст, а вашето срце забрзано куца и нема да застанете додека не го добиете она што го сакате.
Рак (22.06 – 22.07)
Нема потреба за грижа иако сте окупирани со силни емоции и незадоволни од моменталната положба на работното место. Научете ја лекцијата од минатото со цел некои работи да не ги повторувате без потреба.
Лав (23.07 – 22.08)
Арогантното однесување ве одалечува од целта кога станува збор за љубовта. Немојте да бидете тврдоглави, воочете ја навремено вашата грешка. Покажете ги емоциите на партнерот, бидејќи немате ниедна причина за влез во било каква расправија.
Девица (23.08 – 22.09)
Не сте подготвени за промени во деловното поле. Можно е да ќе одбиете некоја понуда но во моментов ви е најважно да ја задржите работата која ја имате.
Вага (23.09 – 22.10)
На работа ова ќе биде повеќе од мирен ден. Поголем дел од раководството ќе биде надвор од фирмата и тоа ви е шанса да завршите и некоја приватна обврска.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не смеете да се потпирате на туѓата помош, бидејќи таа може да изостане во клучниот момент. Потребно е да го испланирате секој потег и сите можни проблеми да ги елиинирате. Интуицијата никогаш не ве напушта.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Потрудете се да ги исполните своите обврски и дадениот збор. Ако постапите адекватно, можете да успеете да склучите некоја важна деловна соработка.
Јарец (22.12 – 20.01)
Преголемиот обем на работа денес може да ве спречи да поминете време со членовите од семејството. Сепак, нема потреба за нервози, викендот доаѓа наскоро па пред вас е време за релаксација.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не ви е толку важно колку овие денови за вас се неповолни, некако успевате да го извлечете најдоброто и да ги препознаете сите нешта кои се случуваат спротивно на вашите желби.
Риби (20.02 – 20.03)
Ова не е поволно време да ризикувате многу во работата, туку е поволно време да се повлечете малку настрана од кругот на пријатели. Некој кој ви е многу посветен ќе биде заинтересиран за вашата работа.