Иако беше најавен дека ќе почне денеска, скринингот на учениците во основните училишта, неофицијално е одложен за понеделник, бидејќи се уште се собираат согласностите од родителите.
Официјално се уште чекаме информација од Министерството за здравство. Стартот на скринингот за денеска го најавија од Комисијата за заразни болести уште вчера, од каде рекоа дека алармот за проверка на учениците го вклучил загрижувачки зголемениот број.
Со скринингот се планира да бидат опфатени околу 2000 основци од целата држава, но не и средношколците, каде како што рекоа од Комисијата , состојбата е стабилна, но се следи. Планирано е учениците да бидат тестирани со брзи тестови, а анализата на резултатите што ќе ја спроведе Институтот за јавно здравје треба да даде насоки за евентуална измена на мерките во училиштата.