Филипче најави: Одлука за отворање на границите во текот на наредната недела

|

Соседите од регионот во текот на наредната недела се очекувада донесат конечна одлука за слободен премин и велосно отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче. Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

Министерот за здравство Венко вчера вечернФилипче во емисијата „Патот кон” на ТВ Алсат-М повтори дека епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, па властите во земјите најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето на одлуки за борба против пандемијата. Но, претходно треба да се укине и сегашниот услов за ПЦР-тест за да се премине границата.

Во очекување сме следната недела координатор на македонското Министерство за здравство пред претставници на другите соседни држави да ја презентира состојбата во земјава со Ковид-19, по што на нов состанок ќе треба да се договори заедничка политика за границите.