Одмор на буџет: Три европски градови каде нема да потрошите богатство

ИЗВОРСкопје24
|

Ако сте љубител на урбано одмарање, овие европски дестинации нема да ви бидат огромен трошок.

Го планирате годишниот одмор. Малку море, малку шетање, малку зјапање во празно… За да не потрошите премногу пари и да можете да си дозволите и неколку дена одмор без да влезете во минус, разгледајте ги овие три урбани опции за патување во Европа:

БУКУРЕШТ

Овоој недоволно истражен туристички бисер е идеален за авантуристите. Откријте ги први романтичните ресторанчиња, шармантните кафулиња и раскошни градби на Букурешт.

Главниот град на Романија и вториот најефтин град за туристи во Европа.

Колку ќе платите?

Такси (1 километар): 0,38€

Домашно пиво (0,5 л, точено): 1,69€

Капучино: 1,86€

Оброк во средно скап ресторан: 7,41€

Шише вино во супермаркет: 4,24€

БРАТИСЛАВА

Урбаните туристи од неодамна ја открија Братислава како подеднакво возбудлива и далеку поевтина опција на соседната Виена. Ќе сакате ден плус во распоредот за да ги прошетате сите културни и забавни локации во Братислава, а може да одвоите и еден ден за екскурзија до Виена, до каде може да отидете со воз, автобус, автомобил и велосипед.

Топла, гостопримлива и енергична – Братислава нуди за секого по нешто.

Колку ќе платите:

Такси (1 километар): 0,65€

Домашно пиво (0,5 л, точено): 3€

Капучино: 2,20€

Оброк во средно скап ресторан: 8€

Шише вино во супермаркет: 6,50€

БОЛОЊА

Овој студентски град всушност ги содржи сите елегантни, вкусни, романтични елементи на Италија и ќе ги задоволи апетитите на модерниот патник во поглед на архитектура, културен живот, гастрономија и преубави пејзажи.

Нема сомнеж дека ќе ги направите најубавите фотки за на Instagram во убавата Болоња.

Колку ќе платите?

Такси (1 километар): 5€

Домашно пиво (0,5 л, точено): 5€

Капучино: 1,38€

Оброк во средно скап ресторан: 15€

Шише вино во супермаркет: 5€