Скопје, 11.07.2019. – Денес, со почеток од 12:00 часот, во просториите на Хотел Мериот Скопје се одржа јавна дебата на тема “Јавно Приватно Партнерство како економски модел за инвестирање“. Дебатата беше модерирана од страна на д-р Борче Треноски, Професор на Економскиот Факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј“, додека како панелисти учествуваа Мирослав Трајановски, правен Експерт од областа на ЈПП, д-р сци. Саша Максимовски, Експерт за модели на ЈПП и Здравко Стефановски, ЕБОР Проект Менаџер, Експерт за енергетска ефикасност.
Во фокус на настанот беше законската рамка за ЈПП, моделите на ЈПП кои се применуваат во Република Северна Македонија, разработка на примери на ЈПП во Република Северна Македонија, предностите и предизвиците кои овој модел ги носи со себе, како и препораки за
тоа дали и како да се применува оваа алатка за финансирање.
На настанот присуствуваше и доц. д-р Венко Филипче, Министер за Здравство.
“Министерството за Здравство има јасна стратешка цел – постојано унапредување, развој и подобрување на здравствениот систем. Вршејќи анализи, во смисла на управување, менаџирање и инвестиции, согледан е фактот дека се потребни чекори со кои ќе се
унапредат состојбите, а се со цел да се овозможи уште подобра здравствена услуга. Во таа насока, би сакал како Институција која има започнато првични чекори и постапки за доделување на ЈПП во неколку области, ја поздравувам иницијативата за реализација на
јавен настан на оваа тема и верувам дека ова ќе претставува поттик за понатамошни дискусии за ЈПП како модел.“ – изјави Министерот за Здравство, доц. д-р Венко Филипче.
“Интересот на јавниот партнер се лоцира во потребата од менаџирање и оптимизација на процесите. Приватниот партнер треба да обезбеди капитал, соодветна инфраструктура, како и да поседува искуство. Како економски модел, доколку правилно се
спроведе, ЈПП може одлично да функционира. Една од клучните работи за реализацијата на успешно ЈПП е изработка на физибилити студија – но детална, содржајна студија – сериозно, релевантно истражување на услугите, на потребите кои се јавуваат.“ – изјави д-
р сци. Саша Максимовски.
“При употреба на ваков економски модел, од суштинска важност е конструкцијата на добар договор. Во негови рамки се дефинираат сите ризици и можности, а воедно и се проектираат сите трошоци како и капитални инвестиции. Дополнително, со добро структуриран договор, се дефинираат механизмите кои ги користи и јавниот и
приватниот партнер и секоја од страните се обврзува за целосно нивно почитување. Затоа, неопходно е експертско познавање од темата и јасно дефинирање на сите ставки во самиот договор, вклучително и оние кои се однесуваат на самиот мониторинг и контрола на имплементацијата на проектот.“ – изјави проф. д-р Борче Треноски.
Со овој настан беше отворен процесот на дијалог помеѓу релевантните и заинтересирани страни преку подобро запознавање на јавноста за можностите и предизвиците кои ги нуди Јавното Приватно Партнерство како модел и досегашната пракса и искуства при неговата примената. По презентација на овој економски модел, се реализираше обемна дебата за примената и можностите кои ги нуди ЈПП, со што се потврди интересот по темата.